Расел со леснотија стигна до првата позиција за спринт трката во Кина.

Во првата трка за сезоната, возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, успешно ја освои пол-позицијата за спринт трката, која е дел од Големата награда на Кина.

На патеката во Шангај, Британецот забележа најбрз круг со време од 1:31.520 минути. Мерцедес продолжува со својата доминација од самиот старт на сезоната, што го потврди Андреа Кими Антонели, кој заврши на второто место со само три десетинки послаб резултат од Расел.

Најблиску до водечките болиди беше актуелниот светски шампион, Ландо Норис. Спринтот од вториот ред ќе го започне и Луис Хамилтон од Ферари.

Меѓу првите десет на стартот, се најдоа и Оскар Пјастри (Мекларен), Шарл Леклер (Ферари), Пјер Гасли (Алпин), Макс Ферстапен (Ред Бул), Оливер Берман (Хас) и Исак Хаџар (Ред Бул).

Прочитајте и:  „Поддршка за Кочани: Донирани креми вредни над 1 милион денари за засегнатите од пожарот во „Пулс““

Спринт трката во Шангај е закажана за сабота, со почеток во 4 часот по македонско време. Квалификациите за главната трка исто така ќе се одржат во сабота, во 8 часот.

Фото: EPA