Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол-позицијата за спринт трката во Формула 1 на патеката во Зандворт.
Британскиот пилот забележа најбрз круг во квалификациите со времето од 1:11.567, надминувајќи го својот сонародник Ландо Норис од Мекларен за само 41 илјадита дел од секундата.
На третата позиција заврши возачот на Ферари, Шарл Леклер, кој имаше заостанување од само 55 илјадити дел од секундата зад Расел.
Исходот на квалификациите е уште повеќе интересен поради фактот дека четвртопласираниот Оскар Пјастри заостануваше само 99 илјадити дел од секундата зад победникот на пол-позицијата.
Младиот возач на Мерцедес и актуелен лидер во генералниот поредок, Кими Антонели, заврши на петтото место со заостаток од 0,227 секунди.
Домашниот фаворит, Макс Ферстапен, не успеа да се включи во борбата за првите две позиции. Возачот на Ред Бул заврши како шести со заостаток поголем од половина секунда зад Расел.
Луис Хамилтон го освои седмото место, а зад него следеа Пјер Гасли (Алпин), Габриел Бортолето (Ауди) и Арвид Линдблад (Рејсинг Булс).
Спринт трката е закажана за сабота од 12:30 часот.
Фото/ Depositphotos




