Женската ракометна репрезентација на Македонија ја дозна својата група за Европското првенство, кое ќе се одржи во декември 2026 година во Чешка, Полска, Романија, Словачка и Турција.
Македонките се сместени во групата Б во Клуж, каде што ќе се натпреваруваат против селекциите на Норвешка, Романија и Швајцарија.
Оваа група важи за една од најсилните, бидејќи нашите противници вклучуваат домашната екипа на Романија, како и актуелните европски и светски прваци, репрезентацијата на Норвешка, дополнета со силната селекција на Швајцарија.
Распоред за Европското првенство:
Група А: Унгарија, Црна Гора, Словенија, Исланд
Група Б: Норвешка, Романија, Швајцарија, Македонија
Група Ц: Данска, Шпанија, Турција, Грција
Група Д: Холандија, Чешка, Австрија, Хрватска
Група Е: Франција, Полска, Фарски Острови, Украина
Група Ф: Шведска, Германија, Словачка, Србија
По прв пат во историјата, Европското првенство ќе се одржи во пет различни држави, а натпреварите се планирани од 3 до 20 декември.
Фото: Ракометна федерација на Македонија




