Дебармаалци го запишаа четвртиот триумф во петте контролни мечеви во овие зимски подготовки, откако претходно ги победија Кожув и Охрид Лихнидос со по 3-0, Воска Спорт која ја здробија со 4-0, а единствено ремизираа 1-1 со битолски Пелистер.
Камерунецот Гандо Биала го даде првиот гол на крајот од првото полувреме, а печат на победата на средина од вториот дел стави новото засилување Филип Тодороски, најталентираниот играч на Победа, кој неодамна се пресели кај „романтичарите“.