ФК Париз Сен Жермен сериозно размислува да ги засили своите редови со младата ѕвезда на Барселона, Гави, според информации објавени од шпанскиот медиум „Ел Насионал“.
Тренерот на европскиот шампион, Луис Енрике, го има шпанскиот репрезентативец на врвот на својот список за засилувања во средниот ред.
На Енрике му се добро познати квалитетите на Гави од времето кога работеа заедно во репрезентацијата на Шпанија и сега жели повторно да ја развие таа соработка, но овој пат во Париз.
Париз Сен Жермен наводно планира да подготви официјална понуда во висина од околу 40 милиони евра за да го доведе Гави во своите редови.




