ПСЖ и Челзи во битка за титулата на Светското клупско првенство

Актуелниот европски првак ПСЖ ќе му се спротивстави на Челзи во финалето на Светското клупско првенство, кое ќе се одржи во Соединетите Американски Држави.

Францускиот тим синоќа во второто полуфинале го декласираше Реал Мадрид со 4-0 (3-0). Овој натпревар беше последен за хрватскиот ветеран Лука Модриќ во дресот на Кралскиот клуб.

Фабијан Руиз се истакна како двоен стрелец со головите во 6-ата и 24-ата минута, додека Дембеле (9) и Рамос (88) го комплетираа триумфот.

Ден порано, Челзи го совлада бразилскиот клуб Флуминенсе со 2-0, со двата погодоци постигнати од Жоао Педро.

Финалето на Светското клупско првенство е закажано за недела, со почеток во 21 часот по средноевропско време.