Психологот Литвак: Ако некој сака да се откаже од пушењето, прво мора да биде среќен!

Решението за да се остават цигарите лежи во нас, смета рускиот психолог.

Сите сме свесни од опасноста која никотинот ја предизвикува. Непоправливите штети по нашето здравје. Оваа лоша навика го уништува кардиоваскуларниот систем и влијае на нивото на крвниот притисок.

Крвните садови кај пушачите најчесто се затворени, што доведува до срцев удар и други болести. Респираторниот систем го памети секој дим кој што е вдишан. Тој ви враќа со постојано кашлање кој  прераснува во хроничен бронхит, ларингит и на крај со карцином.

Лицата кој што се пушачи често пати имаат проблем како што е појава на чир и гастритис. Не ретко се случува жените пушачи да имаат проблем како циста на јајниците, а кај мажите да се појави проблем со простата.

Пушењето може да се изедначи со зависност.

Според Михаил Литвак, познат руски психолог, луѓето кои ја имаат оваа зависност се оние кои не ги развиле своите својствени способности и не ја нашле својата омилена работа. Таквите луѓе може дури и да бидат успешни, но не и во полето за кое сонувале да бидат. Тие сфаќаат дека не го постигнале она што можеле, се чувствуваат фрустрирани и вознемирени.

Исто така, пушачите се луѓе кои не се за заљбиле и не добиле доволно среќа.

„За да престанете со пушењето треба да бидете среќни“- смета Литвак. “Но, само мал број луѓе ќе ги остават цигари и ќе започнат да работат на личната среќа. Сите други ќе се обидат да го решат проблемот со цигара во забите. Кога ќе видат што е проблемот, ќе биде доцна”.

 

- Реклама -