Македонскиот фудбалски репрезентативец Ѓоко Зајков изрази уверување дека секоја средба во дресот на националниот тим претставува нова шанса за докажување.
„Данска е силен противник, а во првиот дел се боревме одлично и успеавме да се одбраниме. Сепак, во вториот дел концентрацијата ни опадна по примениот гол. По деталната анализа, увидовме дека дојде до неочекуван пад во играта. Потребно е да се фокусираме на тие моменти; не смее да дозволиме да паднеме кога примиме гол, и тоа ќе мораме да го исправиме во иднина. Следниот натпревар е против Ирска и ние сакаме да го освоиме. За нас не постојат пријателски или официјални натпревари – сите се важни. Најзначајно е да се обидеме да поправиме впечатокот од претходниот натпревар каде што загубивме на неприфатлив начин, за да добиеме добар резултат и да извлечеме поуки за следните собири и квалификации, со цел да станеме подобри“, изјави Ѓоко Зајков.
Натпреварот помеѓу Република Ирска и Македонија е закажан за вторник, со почеток во 20:45 часот, на стадионот „Авива“.




