Протести во Србија: Сѐ поголем револт на улиците

Повеќе поединечни напади врз демонстранти и сѐ поголем револт на улиците ја одбележаа оваа бурна недела во Србија. Еве што забележа синоќа репортерката на ДВ.

И покрај температурите под нулата, повеќе од педесет илјади студенти и граѓани (според Архивот на јавни собири) протестираа синоќа (17.01) пред зградата на Радио-телевизија Србија (РТС) во Белград. Под слоганот „Нашето право да знаеме сè”, толпата изрази незадоволство од начинот на кој јавниот медиумски сервис известува за состојбата во Србија.

Протестот започна со петнаесетминутен молк поради 15-те загинати при уривањето на настрешницата во Нови Сад, во текот на кој насобраните го надополнија ефектот на тишина со светлосни ефекти од телефонски блицови.

„Пуштете нѐ во живо“ одекнуваше низ толпата во текот на емитувањето на националниот дневник.

Меѓу бројните транспаренти се вееја српски тробојки, буката од свирежи, вувузели и удирање по садови се слушаше во радиус од неколку километри, а протестот го одбележа и голема макета на сендвич со слика од двесте евра, наменета за генералниот директор на РТС, Драган Бујошевиќ.

По завршувањето на протестот, студентите се вратија на своите факултети кои од почетокот на декември се под целосна блокада.

Повеќе изолирани напади врз студенти

Ова беше само еден од низата собири низ Србија оваа недела, одржани како форма на изразување на незадоволство поради нападите врз студентите во блокада.

Во петокот (17.01), за време на протестот во Нови Сад, постар маж со нож ја нападна толпата, додека ден претходно, студентка од прва година на Правниот факултет беше удрена со автомобил во текот на петнаесетминутната блокада од страна на М.П., кој ѝ нанесе повеќе повреди.

Ноќта меѓу 13-ти и 14-ти јануари група млади ги нападнале студентите на Правниот факултет во Белград, каде покрај остри зборови, кон нив биле фрлени и стаклени шишиња.

Целата статија ТУКА

https://www.dw.com/mk/protesti-vo-srbija-se-pogolem-revolt-na-ulicite/a-71336085?maca=maz-rss-maz-all-1489-xml-mrss

- Реклама -