Промоција на романот на Лидија Димковска во Прилеп

На 13 март (четврток) со почеток во 18 часот, еден од најпознатите романи на современата македонска писателка Лидија Димковска, кој го доби признанието „Роман на годината“ за 2023 година, ќе биде презентиран пред прилепската публика. Настанот ќе се одржи во Градската библиотека „Борка Талески“. Претставувањето на ова литературно дело ќе го води авторката Вилета Танчева – Златева, која преку разговор со Димковска ќе нè воведе во светот на нејзиното творештво.