Во Собранието денес се одржа промоција на два истражувачки труда кои се фокусираат на јавното мислење за пристапувањето на нашата земја во Европската Унија. Првиот труд, наречен „Анализа на јавното мислење за пристапување во Европската Унија (2014 – 2025)“, и вториот, „Нови глобални неизвесности, стари европски обврски: Јавното мислење за пристапување во ЕУ во 2025“. Настанот го отвори Антонијо Милошоски, потпретседател на Собранието, и ги нагласи важноста и потребата од јасно разбирање на ставовите на граѓаните во контекст на европските интеграции.



