Во понеделник во Кино Фросина, МКЦ од 20 часот ќе се одржи промоција на најновите дела (самостојно издание) на Искра Донева.
Книгите „Скакулче игра плочка“, „Татко“ и „Лазарополски хаикуа„ се од жанрот хаику поезија. Промотори на книгите ќе бидат реномираните автори и професори Александар Прокопиев и Владимир Мартиновски, како и Жарко Којунџиски, додека поезијата ќе ја интерпретира докажан актерски тим предводен од шармантната актерка Арна Шијак. Со своја музичка програма настанот ќе го збогати интернационално познатиот етно состав Љубојна.
Промоцијата е во организација на Здружението на граѓани за мотивација и посреќен, поисполнет и попродуктивен живот на сите луѓе, особено на лицата со физичка и ментална попреченост НОВА ИСКРА Скопје, кое како примарна цел има презентирање, промовирање и заштита на животот и делото на ИСКРА ДОНЕВА како мотивирачка успешна приказна и други активности за успешно завршување на хуманитарната акција за собирање средства за нејзин медицински третман со матични клетки и подобрување на егзистенцијалните услови.