Во четвртокот на 6 февруари до полноќ во GPRS системот на Управата за јавни приходи (УЈП) е регистриран вкупен промет во износ од 232.791.773 денари, а издадени се 417.866 фискални сметки, додека во петокот на 7 февруари до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 181.288.348 денари а издадени се 346.317 фискални сметки. Овие два дена кај осумте поголеми ланци на маркети во земјава, како што соопштуваат од УЈП, е забележан пад на вкупниот промет за 22,12%.
Втор петок граѓаните се организираа да ги бојкотираат маркетите поради високите цени на прехранбените производи.