Доградба на ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода
„Овие нови простории нема да бидат само ѕидови и покрив, туку ќе створиме основа за подобро образование, поквалитетни услови и посебно внимание кон секое дете.
Со оваа инвестиција, ќе овозможиме наставата да се реализира во една смена во нашето училиште. Всушност, со новата доградба во ООУ ‘Невена Георгиева – Дуња’ која наскоро ќе започне, сите училишта во Кисела Вода ќе функционираат во една смена. Ова беше барање од родителите и мој ветување.
Сакам да изразам голема благодарност до министерката за образование, Весна Јаневска, за реализацијата на овој проект, но особено до премиерот Христијан Мицкоски, кој покажува вистинска грижа за секоја сфера од нашето општество. Неговата поддршка значи развиени општини и силна Македонија!
Ние продолжуваме со посветена работа на унапредување на образованието – затоа што вложувањето во најмладите претставува вложување во иднината! Најдоброто допрва доаѓа“, сподели Ѓорѓиевски на својот профил на социјалните мрежи.




