
14/02/2025
НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА, ФИНАНСИИ
Во текот на вчерашниот ден се изведе дополнување на дендропаркот во Скопје со нови видови дрвја и грмушки од северната земјина хемисфера. На настанот присуствуваа наставниот и соработничкиот кадар на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и засадија дузина садници од девет различни видови.
„Горди сме на честа постојано да го збогатуваме дендрофондот на оваа наша разновидна колекција на живи дрвенести растенија. Овој дендропарк според многу нешта е единствен во нашата држава и претставува една од најбогатите живи збирки во регионот“, истакна деканот на Факултетот на вчерашната свеченост заблагодарувајќи му се на градинарскиот и оперативен центар „Фоја КО“ за континуираната поддршка и долгогодишната соработка.
„Го изразуваме нашето искрено задоволство што имаме можност да помогнеме во збогатување на дендрофлората за наставно-образовни и научноистражувачки цели. Оваа година засадивме типични шумски примероци и дрвја и грмушки кои се користат за градско озеленување. Дендропаркот со право се нарекува глобална урбана шума“, нагласи сопственикот на „Фоја КО“ со нескриена радост на третиот по ред настан „Професорите садат“.