Продолжен рок за пријавување на јавниот повик за ангажирање 400 пожарникари – нашата цел е да го информираме што поголем број на граѓани.

Владата на Република Северна Македонија објави дека, поради високото интересирање и позитивниот одзив од страна на граѓаните, рокот за пријавување на јавниот повик за ангажирање на 400 пожарникари низ целата земја се продолжува до 23 јули, среда.

Оваа одлука е донесена со цел да се овозможи поголем број заинтересирани лица да аплицираат, особено бидејќи станува збор за важна мерка која директно ќе го зајакне капацитетот на системот за заштита и спасување, особено со оглед на приближувањето на летната сезона и зголемениот ризик од пожари.

Мерката произлегува од Планот за вработување 2025 и претставува системско и суштинско вложување во јавната безбедност и заштитата на граѓаните. Ангажирањето на 400 пожарникари е значаен чекор по повеќе од една деценија и директно одговара на долгорочниот недостаток на кадар во противпожарните единици.

Прочитајте и:  Македонски студенти по архитектура на реномираниот натпревар за архитектура Saint-Gobain 2026

Владата продолжува да биде посветена на создавање на функционален, брз и ефикасен систем за заштита и ги повикува граѓаните да ја искористат оваа можност за аплицирање. Повикот е отворен за сите квалификувани лица, а сите потребни информации за аплицирање можат да се најдат на веб-страниците на општините.