Проблеми со авионот на Реал Мадрид

Лошите временски услови создадоа значителни проблеми за Реал Мадрид. Авионот на кралскиот клуб долго време кружеше поради силна бура во Њујорк.

Авионот не успеа да слета повеќе од два часа, што доведе до откажување на прес-конференцијата на главниот тренер Чаби Алонсо. ФИФА се активираше и вложи максимални напори за да им помогне на „кралевите“ да слетаат што побрзо.

На крајот, авионот со играчите на шпанскиот гигант слета во Њујорк, каде вечерва е закажан натпреварот против Пари Сен Жермен во рамките на полуфиналето на Светското клупско првенство.

ПСЖ веќе пристигна во Њујорк и вчера тренираше во базата на Универзитетот „Ратгерс“.