На 3 и 4 јули 2025 година, на различни места во Скопје, полициските служби од СВР Скопје приведоа пет лица: В.Ѓ. (23), С.З. (20), Х.Е. (19), К.М. (25) и 17-годишно момче, сите од Скопје. При претресите, кај нив беа пронајдени и одземени бела прашкаста материја, како и марихуана.
По целосното собирање на доказите, ќе бидат поднесени соодветни извештаи.