Приведен поранешниот претседател на ФФМ, Мухамед Сејдини – истрага за 700.000 евра.

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Сејдини, е приведен во акција на Министерството за внатрешни работи, во соработка со Јавното обвинителство. Според првичните информации, тој е осомничен за проневера на околу 700.000 евра, средства кои биле доделени од УЕФА за поддршка и изградба на трибина во Охрид. Неофицијално, сомнежите за злоупотреби се појавиле по доаѓањето на новото раководство во федерацијата, по што случајот бил пријавен на надлежните институции. Истрагата продолжува, а за сега нема дополнителни детали од институциите за овој случај.