Прилеп го одбележа празникот на градската слава „Свети Никола“

Прославата на градската слава и светецот заштитник се одржа по 20-ти пат, по ред, што е јубилеј за сите нас.

„Овој значаен јубилеј нè охрабрува да продолжиме да ја негуваме нашата традиција, да се почитуваме и да покажуваме солидарност. Заедно работиме на создавање на подобра иднина за идните генерации, не заборавајќи ги основните човечки вредности: почит, дарување и грижливост. Во овој дух, продолжуваме да ги чуваме и негуваме нашите локални традиции и духовност, градиме Прилеп како препознатлива и отворена дестинација, каде секој добредојден гостин може да се запознае со богатството на нашата долгогодишна историја и традиција,“ изјави Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп, од пред Параклисот во центарот на градот, каде беше осветен и пресечен славскиот колач.

Со утринската литургија и осветувањето на славскиот колач раководеше владиката Петар.

„Прославата на ‘Свети Никола’ е вистинска само ако ги следиме делата на светецот Николај, кој беше заштитник на децата, морнарите и сиромашните, и секогаш даруваше,” нагласи владиката Петар.

Прилепчани сакаат да продолжат со традицијата која е основа на нивното опстојување. На денешната прослава во центарот на Прилеп беше избран и новиот домаќин за прославата во 2026 година.