Музичка вечер за паметење во Охрид
По незаборавниот концерт во Скопје, каде што Филхармонијата беше преполна, Александра Радовиќ на 30 јули ќе настапи во Охрид. Нејзиниот настап ветува уште еден магичен ден исполнет со песна и емоции.
Александра, една од најистакнатите ѕвезди на регионалната поп-сцена, преку видео порака ја покани македонската публика да не пропушти овој настан во Античкиот театар.
„Драги мои, ве очекувам на 30 јули во Охрид, на мојот голем концерт. Дојдете, ќе ни биде прекраснo!“, изјави таа.
Нејзините концерти не се само обични настапи; тие претставуваат уникатни вечери полни со емоции и моментите кога илјадници гласови се сплетаат во едно. Поради ова, интересот за охридскиот концерт постојано расте, а организаторите од Евентум продукција очекуваат уште една незаборавна вечер.
Во магичниот амбиент на Античкиот театар, несомнено ќе се чујат безвременските хитови како „Чувам те“, „Бивши драги“, „Ако никада“, „Не хвала“, и многу други песни кои со години одекнуваат во срцата на нејзината публика.
Александра Радовиќ, која освои признание за најдобра поп пејачка на „Златна бубамара на популарноста“, важи за една од ретките уметници чии концерти секогаш носат искрена емоција и незаборавна атмосфера.
Настанот ќе се одржи на 30 јули со почеток во 20 часот на Античкиот театар во Охрид. Билетите можно е да се набават по цени од 900 до 1.500 денари, во зависност од местоположбата.
За оние кои го видоа концертот во Скопје, веќе е јасно каква вечер ги очекува. Охрид ќе биде шанса за сите преостанати да бидат дел од овој неверојатен настан, за кој сигурно ќе се разговара долго по последниот бис.




