Протест на патот Битола-Охрид: „Ми ја одзедоа колата вредна 700 евра! Вратете ми ја, живеам со пет деца во шупа и немам друг избор“

Социјалниот револт поради одземањето на возилата од лица без возачка дозвола достигна својот врв на патот Битола–Охрид. Демонстрантите ја споделуваат својата животна перспектава и мотивите за протестот. „Ние сме од Битола, имаме свои причини. Некои од нас немаат возачки. Денеска ми одземаа кола вредна 700 евра. Имам пет деца и живеам во шупа. Каде да одиме?“, раскажува еден од демонстрантите, нагласувајќи дека возилото за него не е луксуз, туку неопходност за преживување.

Тој ја поврзува состојбата со новите законски измени кои предвидуваат задолжително одземање на возила управувани без возачка дозвола. „Гледај што направи претседателот со оваа одлука. Ние ги блокираме патиштата. Прилеп, Ресен, Битола – секаде е затворено. Още 2000 луѓе доаѓаат“, вели демонстрантот, истакнувајќи дека протестот се шири и незадоволството расте.

Во неговото излагање преовладува чувството на социјална безизлезност. „Луѓето без возачки права тешко се справуваат за леб. Бидејќи сме од Греотичка, каде да најдеме работа? Овде, ние немаме возачки права. Социјалната помош е само 50 евра“, додава тој, објаснувајќи дека нивниот основен повик е едноставен: „Вратете ми ја колата“.

Овие сведоштва ја одразуваат атмосферата на протестите, каде законските мерки за зголемување на безбедноста во сообраќајот се соочуваат со длабочини на социјални проблеми и сиромаштија. Демонстрантите порачаа дека за нив возилото е основно средство за егзистенција, а не нешто од што може лесно да се одречат, додека институциите најавуваат дека законот ќе се спроведува без исклучоци.