Претставници од Европската комисија беа во посетa на Пустец.

„Посетата следеше по низата состаноци и комуникации претходно одржани, при што Кител позитивно одговори на нашата покана да го посети регионот на Преспа. Токму нему му се придружуваа Роберта Таларико, советник во Европската комисија, како и Марија Галевска, раководител на проекти во оваа инстанца“, соопшти Општина Пустец.

На средбата присуствуваа и градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски, генералниот секретар на општина Преспа од Грција, Михалис Петракос, како и претставник од општина Девол, со која се реализираат континуирани соработки и заеднички проекти за развојот на регионот Преспа.

За време на посетата, високата делегација имаше можност да се запознае со извонредниот туристички, културен и природен потенцијал на ова подрачје, како и со предизвиците и можностите кои ги носи одржливиот развој на регионот.

„Во текот на разговорите со нашите колеги од Грција и Македонија, беше истакната важноста од зајакнување на регионалната соработка, развојот на одржливиот туризам, заштитата на животната средина, зелените инвестиции и улогата што нашите општини можат да ја играат во рамките на европските програми и стратегии за Западен Балкан“, посочуваат од општината.

Тие оценуваат дека оваа посета е исклучителна прилика за промоција на Преспа и за зајакнување на врските со европските институции, отворајќи нови патишта за иницијативи и проекти кои ќе придонесат за економскиот, социјалниот и туристичкиот развој на регионот.

Ви ја пренесуваме и пораката дека Преспа останува модел за прекугранична соработка и територија со значителен потенцијал за развој, а ние ќе продолжиме да ја поттикнуваме нејзината промоција на сите нивоа.