На 11.03.2025 година, со почеток во 20 часот, на Нова сцена ќе биде изведена претставата “КУФЕР”. Замислата и концептот се дело на Соња Михајлова и Благој Мицевски. За музичката подлога е заслужен Миодраг Неќак, додека видеото е изработено од Марјан Георгиевски. Осветлувањето е подготвено од Игор Мицевски, а аудио и видео операциите ги води Владимир Переловски. Главната улога ја толкува Соња Михајлова.