Претседателот на Светската автомобилистичка федерација (ФИА), Мохамед бин Сулејем, изрази желба за приклучување на тим од Кина во натпреварите на Формула 1.
– Во изминативе две години размислував за тоа како големите нации би можеле да станат дел од Формула 1. Веќе имаме американски тим кој ќе се натпреварува со поддршка на „Џенерал Моторс“. Следната цел е привлекување на кинески автомобилски производител. Отсекогаш сум сметал дека спортот добива на вредност кога има повеќе тимови, а помалку трки.Иако многумина беа скептични за оваа идеја, времето покажа дека тој пристап носи позитивни резултати – изјави Бин Сулејем во интервју за „Фигаро“.
Во 2026 година, Формула 1 ќе добие нов учесник во светскиот шампионат, кога Кадилак ќе стане дел од натпреварувањето како 11-ти тим.




