По двегодишна темелна предистражна постапка на Управата за финансиска полиција, што се реализираше во рамките на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денес беше спроведена акција под водство на надлежниот јавен обвинител. Во неа беа извршени претреси на повеќе локации во општина Липково, Куманово и Желино.
— Станува збор за комплексна предистрага која вклучува различни правни и физички лица. Целта е целосно разоткривање на криминалната група која дејствувала извесен период, со намерaта да изврши кривични дела како што се “Злосторничко здружување”, “Даночно затајување”, “Даночна измама” и “Перење пари”. Организаторите и членовите на оваа група се обидувале да стекнат противправна имотна корист во висина од над четиристотини триесет милиони денари, што резултираше со значителна штета за буџетот на Република Македонија. На наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство, во акцијата со помош на единицата САЕ „Тигар“ лишени се седум лица, кои се изведени пред судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд, додека едно лице не е достапно за органите на прогонот, се наведува во соопштението.
Управата за финансиска полиција продолжува да биде посветена на откривање и гонење на финансискиот криминал, како и на заштита на буџетот на државата.




