„Претрес“ ексклузивно во државниот авион на Македонија: за евакуацијата од Блискиот Исток и најзначајните авионски несреќи.

Ексклузивно: Во државниот авион на Македонија

Првпат имаме прилика да влеземе во државниот авион на Македонија, летало кое веќе долго време буди повеќе прашања отколку одговори. Каква е неговата старост? Каква е безбедноста? И колку чини неговото одржување?

Во емисијата „Претрес“ вечерва ќе ги разгледаме темите кои досега беа во домен на политиката. Откриевме:

– Колкав е реалниот ризик од летови со овој тип авион?
– Каков е планот за евакуација од Блискиот Исток?
– Кој одлучува дали авионот ќе полета – пилотот или политичките авторитети?
– Колку чини еден час лет и какви се трошоците за одржување?

Ќе разговараме и за најтешките летови во периоди на криза, кога авионот не превезувал функционери, туку обични луѓе. Дополнително, ќе се занимаваме со едно вечечно прашање: Како се случија најголемите авионски и хеликоптерски несреќи во Македонија и какви поуки извлековме од нив?

Прочитајте и:  Победата на репрезентацијата често носи успех и во интимниот живот, покажува истражување.

Наш гостин е капетанот Емил Георгиев, пилот со многу години искуство, кој управува со државниот авион последните 16 години. Тој ќе одговори на најдиректното прашање: Дали би го качил своето семејство во овој авион?

Ве повикуваме да не следите!