Познатиот спортски новинар и коментатор Един Авдиќ премина на вечен одмор на 47-годишна возраст.
Нажалост, тој го загуби животот во својот дом, поради срцеви компликации, како што извести Радио Сараево.
Един беше еден од најистакнатите спортски новинари и коментатори на Балканот, најпознат по своите преноси од кошаркарските натпревари и длабокото познавање на НБА и европската кошарка.
Дипломирал новинарство на Факултетот за политички науки во Сараево, а пред да започне со новинарството, активно се натпреварувал во кошарка во младинските категории на КК Босна.
Својата кариера ја започнал во Федералната телевизија, а потоа продолжил во OBN, каде што се стекна со голема популарност како коментатор на НБА лигата. Подоцна, станал една од главните фигури на телевизијата Арена Спорт.
Во последно време, заедно со својот колега Милош Јовановиќ, го водеше популарниот подкаст „Удвајање“, како и авторската емисија „X&O’s chat“ на Уна телевизија.




