Премиер лигата обезбеди пет клубови во Лигата на шампионите.

Премиер лигата ќе има најмалку пет клубови во Лигата на шампионите следната сезона, откако ја обезбеди оваа привилегија втора година по ред, благодарение на својата високата позиција на коефициентот.

Потврда за петтото место во Лигата на шампионите за Премиер лигата дојде синоќа со победата на Арсенал против Спортинг во првиот натпревар од четвртфиналето на овој престижен турнир.

УЕФА им доделува дополнителни места на двете лиги со најдобар годишен коефициент, основа за што се вкупните перформанси на клубовите во сите европски натпреварувања.

Победата на Арсенал, заедно со фактот дека девет клубови од Премиер лигата стигнаа до осминафиналето на европските купови, ја постави Премиер лигата на убедливо прво место во оваа табела.

Успесите на англиските клубови во лигашката фаза од три натпреварувања организирани од УЕФА значајно помогнаа за ова достигнување.

Во моментов, Ла Лига се наоѓа на втората позиција на оваа табела, што ќе ѝ овозможи и на Шпанија дополнително место во Лигата на шампионите.

Сепак, оваа “борба” сè уште не завршила, бидејќи Баерн го победи Реал во вторникот, а Фрајбург сè уште не играл против Селта.

Прочитајте и:  „Играчите на Реал постојано се жалаат, што покажува како успеаја да освојат 15 титули во Лигата на шампионите“

Ако сè оди по план, Премиер лигата потенцијално би можела да има шест клубови во Лигата на шампионите следната сезона. За тоа да се случи, Ливерпул треба да ја освои Лигата на шампионите или Астон Вила Лигата на Европа, а во исто време да се наоѓаат меѓу првите пет на табелата во Премиер лигата. Во таков случај, Ливерпул или Астон Вила ќе добијат место во Лигата на шампионите со освојувањето на европски трофеј, што значи дека клубот на шесто место во Премиер лигата ќе игра во ова натпреварување.

Ако и Ливерпул и Астон Вила ги освојат европските трофеи и завршат на петтото или шестото место, тогаш клубот на седмото место ќе обезбеди место во Лигата на шампионите.

Нотингем Форест исто така е во четвртфиналето на Лигата на Европа. Доколку “Шумарите” го осворат трофејот, како што беше случајот минатата година со Тотенхем, тоа ќе значи дека клубот од долната половина на табелата ќе учествува во Лигата на шампионите, а Премиер лигата ќе има шест претставници во ова врвно европско натпреварување.