Преку-граничната е-трговија нуди раст и економски можности

Преку-граничната е-трговија нуди раст и економски можности

Е-трговијата во Македонија и Западен Балкан бележи континуиран раст, поттикнат особено од пандемијата, но нивото на развој останува значително под просекот на ЕУ. Потенцијалот на овие мали и фрагментирани пазари лежи во преку-граничната е-трговија, која засега е недоволно искористена. Со популација од 17,1 милиони жители и вкупен БДП (PPP) од 376,6 милијарди меѓународни долари, регионот нуди големи можности за раст доколку се подобри логистиката, дигиталната инфраструктура и регулативните процеси.

Во последните години, македонските компании сè повеќе инвестираат во подобрување на корисничкото искуство на своите дигитални продавници, како и во зголемување на начинот на плаќање. Сепак, најголемиот предизвик останува во царинските процедури, лимитираните можности за брза достава и недоволната навика на граѓаните да купуваат онлајн од странски продавници.

Новиот растечки тренд во е-трговијата е зголемената употреба на вештачка интелигенција за персонализација на купувачкото искуство и автоматизацијата на логистичките процеси. Големите платформи како Amazon и Alibaba веќе интегрираат AI решенија за предвидување на потребите на корисниците и оптимизација на испораките, а сè повеќе регионални компании почнуваат да го следат овој пример.

Дополнително, дигиталните плаќања продолжуваат да се развиваат, особено преку плаќања со мобилни апликации и криптовалути, кои полека но сигурно добиваат поголема поддршка во регионот.

За да се искористи целиот потенцијал на преку-граничната е-трговија, потребни се координирани напори од страна на владите, бизнисите и финансиските институции со цел да се олесни процесот за компаниите и потрошувачите.