Прекината електрична енергија во Долно Соње, селото Драчево и делови од Зелениково, а без водоснабдување делови од Центар и Гази Баба.

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, корисници од дел од селото Долно Соње ќе останат без електрична енергија денес од 08:00 до 14:00 часот. Од 09:30 до 11:30 часот, исклучени ќе бидат корисниците од улиците Партизански пат, Илија Ристевски и дел од Драчевска во село Драчево. Исто така, од 09:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Дејковец и Добрино, во општина Зелениково, информира Регионалниот центар за управување со кризи во Скопје.

Паралелно, поради промената на вентил во шахта, од 09:00 часот па се до завршувањето на интервенцијата, корисниците од дел од улица Ленинова, на потегот од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов до улица Никола Тримпаре во општина Центар, ќе останат без вода.

Прочитајте и:  70 години „Витаминка“ - еден од знаците на македонската индустрија

Така, од 08:00 часот и до завршокот на интервенцијата, вода нема да имаат корисниците од дел од улица Индустриска во општина Гази Баба, а исто така и корисниците од тениското игралиште во општина Центар.