Прекин на водоснабдувањето во одредени делови на Ѓорче Петров

Поради дефект на водоводната мрежа на улицата „Лука Геров“ број 38, денеска без водоснабдување ќе бидат неколку населени места во општина Ѓорче Петров. Според информациите од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје, прекинот ќе започне во 8:30 часот, а корисниците од населбите Даме Груев, Ново Село, Волково, Стопански Двор, Кисела Јабука, Орман и други ќе бидат најпогодени.

Прочитајте и:  Повеќе пловила поминале низ Ормуската Теснина и покрај обновените тензии на Блискиот Исток