Поради дефект на водоводната мрежа, денеска се очекува прекин на водоснабдувањето во делови од три улици во Општина Центар. Според информациите од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, без вода ќе останат корисниците на делови од улиците „Миле Попјорданов“, „Јуриј Гагарин“ и „Васил Ѓоргов“. Овој прекин е резултат на дефект со дијаметар од 100 мм и ќе биде саниран што е можно поскоро.




