Владата на Обединетото Кралство ги повикува граѓаните да носат заштитни маски, да се мијат рацете, да се вакцинираат и да избегнуваат активности кои можат да придонесат за ширење на Ковид-19, со оглед на тоа дека новиот сој ја зголемува инциденцата на случаи.
Светската здравствена организација (СЗО) издаде предупредување за новата варијанта, позната како NB.1.8.1, која предизвика пораст на случаите во земји како Египет, Малдивите и Тајланд.
Овој нов сој, за кој се смета дека е поинфективен од претходните варијанти, е пронајден и во САД и Обединетото Кралство.
Ситуацијата во Тајланд
Во Тајланд, владата објави предупредување по регистрирани 257.280 случаи на Ковид и 52 смртни случаи. Најтешката ситуација е забележана во главниот град Бангкок и во покраината Чонбури. Заменик-портпаролот на владата, Анукул Пруксанусак, изјави дека меѓународните патувања и приближувањето на дождовната сезона можат да ги забрзаат епидемиите, па Министерството за јавно здравје активно ја следи ситуацијата.
Анукул упати совет до населението да ги избегнуваат активности кои го зголемуваат ризикот од инфекција, редовно да ги мијат рацете, да носат маски во преполни простори, да се вакцинираат дополнително кога е потребно и да побараат медицинска помош веднаш штом се појават симптоми.
Бројот на случаи на вирусот бележи зголемување од средината на февруари и сега е на највисокото ниво од минатиот јуни. СЗО известува за зголемена инфекција во 73 земји, вклучувајќи ги и Карибите.
Нов сој на вирусот
СЗО овој нов сој NB.1.8.1 го класифицираше како “варијанта под надзор” поради загриженоста од значителното зголемување на случаите. До крајот на април 2025 година, овој сој претставува околу 10,7% од сите анализирани секвенци, во споредба со само 2,5% претходно. Веќе е доминантен сој во Хонг Конг и Кина.
Кои се симптомите?
Симптомите на инфекцијата вклучуваат болно грло, замор, треска, блага кашлица, болки во мускулите и назална конгестија. Во некои случаи можат да се јават и гастроинтестинални симптоми.
Овој нов сој е присутен во источниот Медитеран, вклучувајќи и популарни туристички локации како Египет, а исто така и во Југоисточна Азија, како што се Тајланд и Малдивите.
СЗО забележа и зголемување на случаите во Камбоџа, Кина, Хонг Конг и Сингапур.
Дали се очекуваат ограничувања во патувањето?
Според извештајот, “СЗО препорачува земјите да останат внимателни, да се прилагодат на променливите епидемиолошки трендови и да примена стратегии за управување со Ковид-19 за зајакнување на системите против сите респираторни заболувања. Земјите-членки треба да продолжат да нудат вакцини против Ковид-19 согласно препораките на СЗО.”
– Според актуелната проценка на ризикот, СЗО советува да не се воведуваат ограничувања за патување или трговија.




