Познати противници на Шкендија и Вардар во третото коло на европските купови

Шампионот Шкендија и куп-освојувачот Вардар ги добија своите потенцијални противници за 3. коло во Лигата на шампионите, Лига Европа, како и Конференциската лига.

Ако Шкендија успее да ја надмине Стеауа, тогаш ќе се соочи со победникот од двомечевите: Ноа/Ференцварош, Пафос/Макаби или Шелбурн/Карабах.

Во случај да биде елиминирана од Лигата на шампионите, Шкендија ќе продолжи во Лига Европа, а можните ривали во тој случај ќе бидат: Пафос/Макаби, Слован/Зрињски или Копенхаген/Дрита.

Доколку Вардар ја победи Лозана во второто коло на Конференциската лига, ќе се соочи со еден od победниците од следните двомечеви: Актобе/Спарта Прага, Омонија/Торпедо, Зимбру/Астана, Рига/Дила Гори или Хибернианс/Спартак Трнава.

Жрепката во Нион е закажана за денес попладне.