Контроверзниот рапер Диди моментално се наоѓа пред судските органи по обвинение за трговија со луѓе, принудна проституција, силување и сексуални напади. Слика објавена од него во 2014 година, која набрзо потоа ја отстрани од своите социјални мрежи, повторно стана центар на внимание. Во август истата година, тој организираше гламурозна забава на Ибица, каде се најдоа некои познати лица како неговата поранешна девојка Кеси Вентура, Ким Кардашијан, Канје Вест и Кејт Мос, којашто според некои извори, била под влијание на дроги. Со оглед на обвиненијата дека Диди организирал оргии во кои мажи и жени биле принудувани на проституција, се постава прашањето дали и славните од тие фотографии учествувале во настаните.
Организираните оргии, кои тој ги нарекуваше „FreakOff“, привлекле и други славни личности, меѓу кои Зак Ефрон, Џаред Лето, Парис Хилтон, Кендал Џенер, Крис Џенер и други. Кеси неодамна даде сведочење против Диди на судењето во Њујорк, каде посочи дека тој ја присилувал машките проститутки на деградирачки акти врз неа. Таа изјави: „Шон имаше контрола врз многу сегменти од мојот живот – од кариерата до стилот на облекување, буквално одлучуваше сè“.