Познати фудбалери, танчари и многу актери во безвременската „Тајм“ на Илија Мицев и Тодор Ушитков.

Од денес, македонската музичка ризница се збогатува со ново инструментално дело, создадено од Илија Мицев и Тодор Ушитков, членови на Дакапо Бенд.

„Тајм“ е уникатна инструментална фузија која ги комбинира богатата ритмика на Балканот со слободата на џезот и глобалните звуци. Овој проект е создаден со огромна посветеност и внимателност – секој тон раскажува приказна, а секој ритам поттикнува на движење.

Во видеото за „Тајм“ учествуваат бројни актерски таленти и танчари, а меѓу нив се истакнуваат и познати македонски фудбалери.

Александар Вареловски – Брзи и Александар Мишов, како медиумска сензација, го надополнуваат младиот актерски состав составен од танчарите: Сара Мицова, Елена Накова, Драгица Јосифова, Бисера Манева и Мила Кимова, фудбалерите: Илија Мукаетов, Никола Костоски, Зоран Мантев, Марјан Митрев, Ангел Исаков, Марија Мишева, како и статистите: Матеј Мицов, Стефанија Тасева, Илија Коцев, Ангела Велкова, Никола Тасев, Јасмина Ѓорѓиева и Теа Костова.

„Тајм“ на Илија и Тодор не е само музика – тоа е емоција што ќе ве води низ разноликите култури, чувства и пејзажи, без да го напуштите местото каде што сте.