Љубителите на производите на „Епл“ би можеле да се најдат во ситуација на значително зголемени цени со пристигнувањето на новиот „ајфон 18 Про“. Растечките трошоци за меморија и складирање податоци продолжуваат да влијаат на производството на компанијата. Според новите процени, стартната цена на овој модел би можела да изнесува 1.399 долари, па дури и повеќе. Ова би било едно од најзначајните поскапувања во последните години. Американските медиуми веќе објавија информации што дополнително ја зголемуваат загриженоста на потенцијалните купувачи.




