Поранешниот главен тренер на Борусија Дортмунд, Лусиен Фавр, објави дека се повлекува од тренерската кариера.
Неговата последна тренерска позиција беше во Ница, каде што го водеше тимот за време на сезоната 2022/23.
„Сега имам 68 години и времето навистина брзо минува. Понекогаш заборавам на возрастa, бидејќи бев постојано зафатен и во акција. Се чини дека со времето тренерите стануваат сè понови, па на 58 години веќе се чувствувате како да сте стари“, напиша Фавр на социјалните мрежи.
Под негово водство, Борусија Дортмунд го освои Суперкупот на Германија во 2019 година. Со Цирих, достигна двојна шампионска титула во Швајцарија (2006, 2007) и осигура победа во Купот на Швајцарија (2005). Исто така, управуваше и со Сервет до титулата во Купот на Швајцарија во 2001 година. (МИА)




