Пожарот во Визбегово е ставен под контрола, пламнала машина за мелење железо, известуваат од Центарот за управување со кризи.

Густ чад се издигна над Скопје по пожарот што избувна во близина на Визбегово, каде што изгореа отпад и индустриска опрема. Според информациите од Центарот за управување со кризи, преку бројот 112 беше пријавена запалена машина за мелење железо на улица 1675, број 24, во Шуто Оризари. На терен интервенираше Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која распореди две противпожарни возила.

Од Регионалниот центар за управување со кризи во Скопје потврдуваат дека пожарот е ставен под контрола и дека нема опасност од негово ширење, бидејќи локацијата е оградена со ѕидови. Директорот на Центарот, Мухамед Али, изјави: „Пожарот е под контрола и нема ризик да се прошири.“