По два БТР и „хермелини“, четири „пинцгауери“ и неколку противпожарни возила, и во текот на ноќта ќе се постави акцентот на заштита на објектите на Јавното претпријатие „Јасен“, соопшти вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Во видео-објава објавена на „Јутјуб“, тој истакна дека во моментов, освен пожарот кој веќе неколку дена беснее на територијата на ловиштето „Јасен“, во државата нема други значајни пожарни инциденти.
„За жал, долниот дел што се простира под патот кој води од ловиштето „Јасен“ кон езерото Козјак и понатаму кон општината Македонски Брод, сè уште е активен. Има големо загадување. Со стемнувањето, на некои места можат да се видат и пламени јазици, затоа што огнот на делови од теренот се развива во борова шума“, објасни Ангелов.
Тој додаде дека денеска биле загрозени објектите на ЈП „Јасен“, но, нагласи, благодарение на брзата и ефикасна акција, огнот успеа да се контролира.
„Денеска тие објекти се наш приоритет за заштита, бидејќи постои опасност од приближување на огнот кон нив. Затоа, одбраната ја засиливме со уште два БТР од ДЗС. БТР-ите се стратешки распоредени на позиции од каде што можат да интервенираат во случај огнот да се упати кон објектите на ЈП „Јасен“. На лице место, покрај овие два БТР, се наоѓаат и четири „пинцгауери“ и два „хермелини“ на Дирекцијата, но истовремено имаме и повеќе противпожарни возила“, додаде Ангелов.




