Пожарот во близина на Рампа е изгаснат, градоначалникот им се заблагодари на пожарникарите за нивната посветеност.

Пожарот кај „Рампа“ успешно саниран, градоначалникот им оддаде почит на пожарникарите

Попладнево во објектот кај „Рампа“ избувна пожар, но благодарение на брзата, храбра и професионална интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје, во кратко време ситуацијата е ставена под контрола. Oваа efikasna акција спречи евентуално проширување на огнот кон околните објекти и избегна поголема трагедија.

Среќа е што нема човечки жртви, но за жал, еден пожарникар е повреден за време на интервенцијата и веднаш е пренesen на клиника. Му посакуваме брзо закрепнување и му изразуваме голема благодарност за неговата храброст и посветеност.

Ова е уште еден доказ за важноста на Противпожарната бригада и за тоа колку секојдневно пожарникарите го ризикуваат својот живот за да ги заштитат граѓаните. Затоа, нашите заложби за модернизација на бригадата, нова опрема и подобри услови за работа, со цел поголема безбедност на пожарникарите, остануваат наша обврска.

Прочитајте и:  (Видео) Црвен тепих и прекрасно добредојде за Аргентинците

Длабок поклон до сите пожарникари за нивната брза реакција, професионализам и посветеност. Скопје денес гледа како изгледа вистинската пожртвуваност.

— Градоначалникот Ѓорѓиевски.