Пожари во активна фаза во „Јасен“ и Октишка краста во Струга

На територијата на нашата држава, до 21 часот вечерва, се забележани вкупно 19 пожари на отворен простор. Од нив, два пожари се активни: еден во повеќенаменското подрачје „Јасен“ во општина Македонски Брод, каде што гори мешана шума, и вториот во Октишка краста во Струга, каде што е зафатена ниска вегетација.

Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), под контрола се ставени три пожари: еден во општина Сарај, на патот од село Радуша кон село Дворце, како и во општина Арачиново и во општина Демир Хисар, во селото Мало Илино.

Досега, успеано е да се изгаснат вкупно 14 пожари, и тоа во општините Кичево, Крива Паланка, Тетово, Брвеница, Гостивар, Могила, Битола, Делчево, Липково, како и во селото Крапа во Македонски Брод и селото Белица во Струга.