Фабриката се наоѓа на 125 километри јужно од Сан Франциско, а во неа се чуваат десетици илјади литиумски батерии
Во Северна Калифорнија, во последните два дена се евакуирани 1 700 луѓе. Затворени се училиштата, деловните субјекти, како и еден од клучните автопати поради ширење на токсичен чад предизвикан од огромен пожар во една од најголемите фабрики во светот за производство на литиумски батерии.
Пожарот избувна вчера, но не се прошири надвор од комплексот на фабриката.


Фабриката се наоѓа на 125 километри јужно од Сан Франциско, а во неа се чуваат десетици илјади литиумски батерии.
Не се познати причините за пожарот, но официјалните лица од фабриката изјавија дека истрагата ќе започне веднаш откако биде изгаснат.