Вечерва, околу 20 часот, избувна пожар во куќа на улицата „Скупи“ во општина Карпош.
Според информациите од Центарот за управување со кризи, пријавата за пожарот беше примена точно во 20:02 часот преку итниот број 112.
Министерството за внатрешни работи, преку Дежурно-оперативниот центар, побарало исклучување на електричната енергија на нисконапонската мрежа, за да екипите на Бригадата за противпожарна заштита можат безбедно да интервенираат.
Неофицијално, огнот, освен во куќата каде што избувнал, зафатил и уште три соседни објекти.
Екипите на БППЗ Скопје моментално работат на гаснењето на пожарот.



