Повремен дожд во петок, потоа посвежо за викендот, а од понеделник сончево и топло.

Утре во претпладневните часови се очекуваат повремени врнежи од дожд. Локално, времето ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места, промените ќе бидат поинтензивни, со обилен пороен дожд (над 15 l/m²) и можни услови за невреме, вклучувајќи и ретка појава на град, соопшти УХМР. Ветрење ќе биде засилено, посебно во Повардарието, со периодично силен ветер од северен правец (над 60 километри на час).

Прочитајте и:  Андоновски: Отворен нов 16-ти Центар за услуги во Крушево, граѓаните ќе добијат поддршка и пристап до електронски услуги.