Повеќе од две третини од запленетата дрога во Струмица поврзани со компании близки до СДС и Заев, тврди ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ денеска објави сериозни обвинувања во врска со значителната заплена на дрога во струмичкиот регион, истакнувајќи дека oвој случај по своите размери и начин на функционирање наликува на најтежките периоди од светската криминална историја. Според партијата, повеќе од две третини од вкупно 27 тони запленета марихуана се поврзуваат со компанија блиска до СДС и до поранешниот премиер Зоран Заев.

„Струмица како Колумбија! Повеќе од 2/3 од 27 тони запленета дрога е поврзана со фирма блиска на СДС и Зоран Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Тие истакнуваат дека запленетата дрога напомина на најтемните периоди од светската криминална историја, додавајќи дека податоците укажуваат на фирмата „ЦБД Медплант“, формално регистрирана на името на Христијан Котев, а фактички контролирана од неговиот татко, Тони Котев-М’гчев, кој е поранешен претседател на ОО Ново Село на СДС и има тесни бизнис-врски со Вице Заев и Гидан Колев.

Според наводите, од 30 јуни до ноември 2025 година, оваа компанија испорачала дури 19 тони марихуана кон скопска фабрика. Лиценцата за одгледување марихуана за медицински цели, како што наведуваат, ја издале владата на Заев и Филипче во 2020 година, со што беа доделени лиценци на две компании – „Еко Енерџи-Космос“ од Ново Село и „Лајтинг Лукс“ од Струмица, во сопственост на синот на Боро Малборо и Христијан Котев.

Според обвинувањата, медицинската марихуана служела како параван за организиран криминал на големо. ВМРО-ДПМНЕ претходно предупредуваше дека лиценците не се доделуваат согласно законските прописи, туку по семејна и партиска блискост со Заевите. Како последица на тоа, денес имаме тони запленета дрога и сериозни безбедносни последици за државата.

Кои се улогите на Зоран и Вице Заев во оваа ситуација? Зошто Заев лично се јавувал на телефони во Царинската управа и се интересирал за предметот? Каков процент од овој скандал е во полза на кланот Заеви? Очигледно е дека со години во Струмица функционирало нарко-картел под политичка заштита од СДС и Заев. Како и секој картел, без оглед на времето на одржување, на крајот крахира. Јавниот обвинител мора да отвори целосна истрага“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.