Потпишан Меморандум за соработка со Oracle: Дигиталната трансформација започнува со луѓето, а не со технологијата.

Министерството за дигитална трансформација, заедно со компанијата „Oracle“, потпиша Меморандум за соработка кој има за цел развој на дигиталните вештини, обука и преквалификација на нашите граѓани. Меморандумот беше потпишан од страна на потпретседателот на Oracle, Пјер-Ален Баетц, и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Оваа соработка отвора нови патишта за поврзување на образовниот сектор, институциите и граѓаните со современи технолошки знаења и практични програми.

Прочитајте и:  Тошковски: Со поддршка од EU4FAST го зајакнуваме потегот против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе