При излегување од државата, тој немал ниеден документ со себе. По направените проверки, утврдено е дека по иницијатива на Интерпол, е распишана меѓународна потерница за него, бидејќи бил баран за издржување на затворска казна од осум години. Сега, тој е пренесен во прифатен центар за странци во Скопје, каде што ќе се одвива понатамошната постапка.



