Ако постите во среда и петок, еве еден одличен предлог за вкусен и едноставен десерт – посна пита со јаболка. Оваа пита е брза за подготовка и идеална за целото семејство.
Состојки:
- 500 гр готови кори
- 600 гр јаболка, исечени
- Малку цимет
- 1 ванилин шеќер
- Масло
- Кисела вода
- Шеќер по желба
Начин на подготовка:
Јаболката исечете ги на тенки парчиња, а потоа измешајте ги со цимет и ванилин шеќер. Во тава или тепсија, редете кора по кора, при што секоја кора се попрскува со малку масло и кисела вода.На секој втор слој додавајте од јаболката. Повторувајте го процесот додека не ги искористите сите состојки. На крај,питата печете ја во загреана рерна на 180 степени околу 30-35 минути или додека не добие златно-кафеава боја.
Откако ќе ја извадите од рерна, можете да ја поросите со малку шеќер во прав за дополнителен вкус.
Совет плус:
Во последно време, се повеќе луѓе додаваат и мелени ореви меѓу слоевите за побогат вкус и повисока хранлива вредност. Овој десерт не само што е вкусен,туку е и здрав и идеален за пости.
Овој рецепт деновиве е особено популарен, бидејќи постењето е сè почесто во пролетниот период, а ваквите едноставни десерти се лесни за приготвување и погодни за секојдневна употреба.




